Top Sport

Мари: Имав среќа, гледав како умира човекот до мене

Пабло Мари, 29. годишниот играч на Арсенал на позајмица во италијанскиот прволигаш Монца, вчера беше една од жртвите на нападот во трговски центар во Асаго, во близина на Милано.
Шпанскиот стопер е една од четирите жртви на нападот, а италијанските медиуми јавуваат дека едно лице загинало.

Нападот го извршил 46 годишен маж кој бил совладан и уапсен од полицијата, а причината за нападот се уште не е позната.

Мари се огласи по нападот и рече дека е добро и дека имал многу среќа:

„Непосредно пред нападот, одев низ центарот туркајќи ја количка во која беше моето дете, а потоа наеднаш почувствував силна болка во грбот, како да имав грч. Имав среќа, бидејќи видов како човекот пред мене умира, беше прободен во вратот. Добро сум, ќе се вратам на теренот во понеделник“, изјави Мари.

Се поддршка до Пабло Мари се огласија и неговите клубови, Арсенал и Монца.

Scroll to Top