Второлигашки натпревар, но кога игра Вардар секако предизвикува внимание. Посебно што денеска на „Автокоманда“ гостува Воска Спорт, тимот кој и минатата сезона, а и оваа се издвојува како еден од главните ривали на најтрофејниот клуб во битката за пласман во Првата лига.
Вардарци по првиот дел имаат водство од 2:0 со головите на Дарио Десниќ и на Дарко Мицевски, а „Комитите“ направија вистинско шоу.
Фото: Игор Паневски