Top Sport

Проблеми за Анчелоти пред Џирона: Бензема повреден, Родриго болен

Шпанскиот првак Реал Мадрид ја продолжува сезоната во Ла Лига со дуелот против Џирона на домашен терен, а тренерот Карло Анчелоти повторно се соочува со проблеми.

Покрај Бензема, кој се повреди и не се појави на последниот тренинг, денешниот работен ден мина и без Родриго.

Тој е болен, цела вечер се чувствувал лошо, но утрово дошол на тренинг за да се јави кај клупските лекари. Извесно е дека и тој нема да игра на утрешниот натпревар против Џирона.

Играчот за врска Феде Валверде се врати на тренинзите, но и неговиот настап се уште е неизвесен.

Scroll to Top