Top Sport

Брајтон немаше милост за Потер и за Челси, голем пресврт на Тотенхем

Грем Потер се врати на местото на успехот во Брајтон, но овојпат како менаџер на Челси. Неговите поранешни ученици немаа милост за него и новиот тим, па го победија со 4:1. Лоик Тросар во петтата минута донесе водство за Брајтон, а потоа следуваа два автогола на Лофтус-Чик и на Шалоба.

Во вториот дел Каи Хаверц постигна гол за 3:1, но тоа беше се од Челси. Паскал Грос во судиското продолжение го постави конечниот резултат.

Тотенхем со голем пресврт дојде до триумф (2:3) на гости кај Борнмут. Кифер Мур двапати погоди за домаќинот, а во вториот дел се разигра Тотенхем. Сесењон намали, Бен Дејвис израмни, а Родриго Бентанкур во судиското продолжение донесе победа за Тотенхем.

Њукасл ја декласира Астон Вила со 4:0, со двата гола на Калум Вилсон и погодоците на Жоелинтон и на Алмирон.

Брентфорд и Вулверхемптон ремизираа 1:1.

Scroll to Top