По седум сезони заедно, Пеп Гвардиола и Кевин де Брујне многу добро се познаваат, и откако Белгиецот му донесе на Манчестер сити тешка 1:0 победа над Лестер со совршен слободен удар, Каталонецот ја објасни соработката со својот фудбалер.
„Имавме седум сезони заедно, така што направивме сè, освен што не спиевме заедно. Го познавам навистина добро и ништо нема да ми го смени мислењето за него. Ниту професионално, ниту лично“, вели Гвардиола.
Pep Guardiola and Kevin De Bruyne have done everything except sleep together 🤣 pic.twitter.com/R7SCpQMErA
— FPL NEPAL 🇳🇵 (@fplnpl) October 29, 2022