Иако изгледаше дека последните неколку години Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо се „смирија“ и ги ставија несогласувањата од неславната заедничка сезона во Мекларен, очигледно уште постои нетрпеливост меѓу двајцата.
Алонсо во интервју за холандскиот „Де телеграф“ пред Мексиканското ГП изјави дека титулите на Макс Ферстапен биле „позначајни“ бидејќи имал потешка конкуренција, додека Хамилтон до своите титули пристигнал со тоа што го победил својот клупски колега.
„Поинаку е кога ќе освоиш седум, а треба да се бориш само со клупскиот колега, додека другите ривали имаат послаба машинерија. Затоа мислам дека дури и да имаш помалку титули, но против возачи кои имаат еднакви, дури и подобри болиди. Михаел Шумахер се бореше со своите колеги за да стане шампион пет пати по ред, а Хамилтон се бореше со Розберг и Ботас. Тоа е поинаку“, изјави Алонсо.
Откако ова беше протолкувано како став дека титулите на Хамилтон (и Шумахер) се помалку вредни од неговите или од тие на Ферстапен, Хамилтон одговори преку социјалните мрежи со фотографија на која Хамилтон е на првото место, а Алонсо покрај него од сезоната во Мекларен.
Алонсо пак, се јави на Твитер.
„Ве молам, сите титули се фантастични, заслужени и инспиративни. Не е можно да се споредуваат меѓу себе и да уживаме во шампионите и легендите на нашето време. Ме заморува постојаното барање на наслови“, напиша Алонсо.
— Lewis Hamilton (@LewisHamilton) October 30, 2022
And again…
Please, all the titles are amazing, well deserved and inspiring. Incomparable to each other and let’s enjoy champions and legends of our current time. Tired of the continuous search for headlines . Let's enjoy them 💪.— Fernando Alonso (@alo_oficial) October 29, 2022
Алонсо делел кеш на механичарите на Мекларен за да ги придобие во битката со Хамилтон