Манчестер јунајтед поставија навистина посебен рекорд, откако во својот тим во последните 85 години имаат барем еден играч кој произлегол од нивната фудбалска академија.
Рекорот започнал на 30 октомври 1937 година, кога Том Менли и Џек Волсол го облекле црвениот дрес на гостувањето кај Фулам. Од тој момент на „Крејвен котиџ“, „ѓаволите“ постојано имале младински играч во својот тим за повеќе од 4.000 последователни мечеви и попладневниот меч против Вест хем ќе се одбележи 85-годишнината од постигнувањето.
Маркус Рашфорд, еден од најуспешните фудбалери од академијата последната деценија, ќе биде во тимот, а минутажа можат да добијат и Алехандро Гарначо и Скот Мектоминеј. Според клубот, се работи за фудбалери кои потпишале за клубот пред 18-тиот роденден, и играле и за младинскиот тим пред настап во првиот тим.
„Убавината на 85-годишната серија е нешто што се одвивало природно. Не се работи за вештачка серија или нешто на што сме сметале за да го продолжиме рекордот. Едноставно, така се одвиваат работите во нашиот клуб. Горди сме на нашата историја и свесни сме за задолжението да продлжиме да бидеме иноватори“, вели шефот на академијата на Јунајтед, Ник Кокс.
🔴 Eighty-five years ago today, our incredible #MUAcademy run began.
🧬 Over 4000 games later, Erik wants to continue our rich heritage of talent…#MUFC || #MUNWHU
— Manchester United (@ManUtd) October 30, 2022