Top Sport

„Ги имате Меси, Мбапе, Нејмар, но го немате Бог“

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ смета дека француското првенство не е исто со него и без него. 41. годишниот Швеѓанец го носеше дресот на ПСЖ од 2012 до 2016 година.

„Откако ја напуштив Франција, сè тргна надолу. Во Франција нема за што да се зборува. Јас и сум потребен на Франција, мене таа не ми треба. Дури и кога ги имате Мбапе, Нејмар и Меси, тоа нема да ви помогне, бидејќи го Богот си замина“, изјави Ибрахимовиќ.

Шведскиот напаѓач одигра 180 натпревари за „светците“ и постигна 156 голови.

Ибрахимовиќ е третиот најдобар стрелец во историјата на ПСЖ, а со клубот освои четири шампионски титули на Франција, два Купа, три Лига Купа и три Суперкупа на Франција.

Scroll to Top