Пред вечерашниот дуел на Ливерпул и Наполи на „Енфилд“, италијанските медиуми направија интересна споредба на платите на фудбалерите и на тренерите на двта тима. Наполи е фаворит за првото место на табелата, бидејќи на Ливерпул им треба победа од пет гола разлика за да ги помине на првото место, по петте победи во петте меча на тимот на Лучано Спалети.
Весникот „Ил матино“ направи пресметка на тоа колку се троши за двата тима, и разликата е зачудувачка и само ја покажува финансиската моќ на англиските клубови.
Само кај тренерите разликата е фасцинантна – Јирген Клоп заработува 12 милиони евра по сезона, додека Спалети се „задоволува“ со 2.8 милиони евра. Двата клуба за најдоброплатен фудбалер имаат ас од Африка. Египќанецт Мохамед Салах, кој има искуство во Серија А со Рома и Фиорентина добива 21.2 милиони евра годишно, додека кај Наполи тоа е Нигериецот Виктор Осимен, но и Мексиканецот Ирвинг Чаки Лозано со 8 милиони евра. Пјотр Зиелински следува со 7 милиони евра, Диего Деме со 5 милиони евра и Џакомо Распадори со 4.5 милиони евра. Во Ливерпул, пак, Виргил ван Дајк добива 13.3 милиони евра, Тијаго Алкантара инкасира 12.1 милиони евра, додека Трент Александер-Арнолд и Роберто Фирмино имаат годишна плата од 10.9 милиони евра.
https://t.co/DjppduzjQE Liverpool-Napoli, differenza costi abissale! Divario assurdo anche stipendio Spalletti-Klopp
— CalcioNapoli24.it (@CalcioNapoli24) November 1, 2022