Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри успеа да најде позитивна страна и покрај новиот неуспех во Лигата на шампиони, нарекувајќи ја Лига Европа како „прекрасно натпреварување“.
Потпросечната сезона во домашниот шампион беше надополнета со елиминација во Лигата на шампионите, и сега мораат да имаат барем израмнет резултат со Макаби Хаифа во утрешното последно коло во ЛШ (во кое играат со ПСЖ) ќе ги продолжат натпреварувањето во Лига Европа. Алегри вели дека е важно да се има европски фудбал, дури и тоа да не е ЛШ.
„Мораме да се обидеме и да одиме по титулата во Лига Европа. Тоа е прекрасно и важно натпреварување. И уште е европски фудбал“, вели Алегри.
Јувентус се на седмото место на табелата во Италија, а навивачите посебно ги нервира дефанзивниот стил на игра на Алегри. Утре тие играат со ПСЖ, додека Макаби игра со Бенфика.