Мечот помеѓу Баерн Минхен и Интер, иако без голема резултатска важност откако двата клуба се квалификувани за осминафиналето на ЛШ, ни го донесе најинтересниот момент досега во вечерните натпревари, откако по консултација на ВАР системот на крајот не беше досуден пенал за гостите.
Николо Барела упати фантастично силен удар кон голот на Баварците, а Садио Мане во шестнаесетникот реши да си ја заштити главата со рацете, по што Интер бараа пенал за очигледно играње со рака. Словачкиот судија Иван Кружлијак по прегледувањето на ВАР снимката не досуди пенал, оценувајќи дека Мане едноставно морал рефлексно да се брани од силниот удар.
How is this not a penalty after ref has looked at it over and over again😂 Sadie Mane man pic.twitter.com/GUah6UpyWG
— Callum Taylor (@callumtaylorbfc) November 1, 2022