Вo пресрет на последниот ден од натпреварувањето во групната фаза во Лигата на шампионите, познати се 14 од 16. клубови кои се пласираа во осминафиналето.
Баерн, Челзи, Манчестер Сити, Наполи, Порто и Тотенхем се победници во своите групи, додека Ливерпул, Клуб Бриж, Интер, Ајнтрахт и Борусија Дортмунд како второпласирани одат во осминафиналето.
Пласман во топ 16 обезбедија и ПСЖ, Бенфика, Реал Мадрид, но вечерва ќе дознаеме од која позиција ќе влезат во осминафиналето.
За преостанатите две места се борат уште четири клуба.
Во групата Е, Милан и Салцбург се уште можат да се пласираат во осмина-финалето, а во групата Ф за место во нокаут фазата се борат, Лајпциг и Шахтјор. Засега се знае дека пет клуба се селат во Лига Европа: Ајакс, Баер Леверкузен, Барселона, Спортинг и Севилја.
За Ренџерс, Атлетико Мадрид, Викторија Плзен, Марсеј, Селтик и Копенхаген европската приказна за оваа сезона е завршена.