Марк Кошицке, менаџерот на Јирген Клоп, за „Скај спорт Германија“, ги коментираше шпекулациите дека е можно неговиот клиент да го напушти „Енфилд“.
Ливерпул не изгледа добро оваа сезона, во Премиер лигата, во првите 12 натпревари освои само 16 бода. Во Лигата на шампионите, Ливерпул избори пласман во осмина-финалето.
„Можам да ве уверам дека Јирген Клоп нема намера да поднесе оставка како менаџер на Ливерпул. Фактот дека може да се појават проблеми оваа сезона, сопственикот го зема вопредвид пред почетокот на сезоната“, вели менаџерот на Клоп.
Кошицке вели дека Клоп се уште сака да работи во сегашната средина и дека има поддршка.
„Јирген ужива поддршка од луѓето во управата и е во постојан контакт со нив. Тој го сака клубот, навивачите и играчите и е решен да продолжи и успешно да ја спроведе транзицијата во Ливерпул. Со причина неговиот договор е продолжен до 2026 година“, изјави Кошицке.