По синоќешниот пораз на „Ајброкс“ од Ајакс со 1:3, екипата на Глазгов Ренџерс влегоа во историјата како најлошиот тим во Лигата на шампионите. „Полицајците“ го надминаа Динамо Загреб, кој сезоната 2011/12 во Лигата на шампионите ја заврши без бод со гол разлика -19.
Динамо, тогаш беше во група со Реал Мадрид, Лион и Ајакс, постигнаа 3, а примија 22 гола.
Во шест натпревари во групата А од Лигата на шампионите, Ренџерс ги забележа сите 6 порази со гол разлика 2-22.
Најтешкиот пораз го претрпеа на домашен терен од Ливерпул (7:1).
„Динамо Загреб ја освои непосакуваната титула за најлош тим во историјата на Лигата на шампионите во 2011/12 година, кога без бодови и гол-разлика 3:22 ја заврши групата со Реал, Лион и Ајакс. Наведениот минус 19 без бод сезонава го израмни Викторија Плзен, но рекордот на Динамо кој никој не го посакува сега го собори Ренџерс. Во конкуренција на Наполи, Ливерпул и Ајакс не освоија ниту еден бод со гол разлика 2:22“, пишува британскиот сервис Би-би-си.
Les Rangers de Glasgow ont réalisé la pire campagne de l'histoire en Ligue des Champions ! 😭
🏟️ 6 matchs
❌ 6 défaites
⚽ 2 buts marqués
🥅 22 buts encaissés pic.twitter.com/nW6OdsSzmo— Instant Foot ⚽️ (@lnstantFoot) November 1, 2022