Шпанскиот тенисер Рафаел Надал на самиот старт го заврши учеството на Мастерсот во Париз.
Томи Пол, моментално 31. играч во светот, беше подобар од него со 2:1 (3:6, 7:6, 6:1) во сетови по два и пол часа игра и со тоа стана првиот тенисер кој го елиминира Надал на овој турнир пред четвртфиналето.
За вториот играч во светот ова беше прв меч од почетокот на септември кога на Ју-ес опен, во осмина-финалето загуби од Френсис Тиафо.
По најголемата победа во кариерата, Пол, за пласман во наредната рунда ќе се соочи со уште еден Шпанец. Негов противник во третото коло ќе биде Пабло Карено Буста, кој го елиминираше Денис Шаповалов.
Comeback complete 🙌@TommyPaul1 becomes the first player to defeat Nadal before the quarter-finals in Bercy – prevailing 3-6 7-6(4) 6-1!#RolexParisMasters pic.twitter.com/qz5tZ4Jqwh
— Tennis TV (@TennisTV) November 2, 2022