Top Sport

Брилијантниот Дончиќ израмни рекорд стар 60 години

Лука Дончиќ продолжува да доминира на стартот од сезоната во НБА. Словенецот во победата на Далас над Јута 103:100 израмни рекорд стар 60 години.
Дончиќ против Јута постигна 33 поени, забележа и 11 асистенции. Дончиќ на вечната листа се израмни со легендарниот Вилт Чембрлен, како првиот играч по него кој постигнал 30 или повеќе поени на првите седум меча од сезоната.

Тој е само третиот играч во историјата кој успеал да направи такво нешто.

„Не знам што да кажам. Секогаш се трудам да победам. Оној што ќе постигне повеќе поени мора да победи. Мислам дека овој пат одиграв еден од подобрите натпревари, не се форсирав толку многу. Ги делев топките, играв преку моите соиграчи“, рече Дончиќ.

Во тимот на Далас, покрај Дончиќ се истакнаа Кристијан Вуд со 21 поен и десет скока, односно Спенсер Динвиди со 20 поени, четири скока и пет асистенции.

Кај Јута најефикасен беше Џордан Кларксон со 22 поени, додека Колин Секстон додаде 19 поени.

Резултати:

Кливленд – Бостон 114:113
Мајами – Сакраменто 110:107
Њујорк – Атланта 99:112
Чикаго – Шарлот 106:88
Хјустон – ЛА Клиперс 101:109
Милвоки – Детроит 116:91
Сан Антонио – Торонто 100:143
Далас – Јута 103:100
Портланд – Мемфис 106:111
ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 120:117

Scroll to Top