Феликс Оже-Алијасим и Андреј Рубљов се последните двајца тенисери кои обезбедија пласман на завршниот Мастерс во Торино (13 – 20 ноември) на кој учествуваат осумте најдобри играчи во сезоната.
Канаѓанецот и Русинот им се придружија на Карлос Алкараз, Рафаел Надал, Каспер Руд, Стефанос Циципас, Данило Медведев и Новак Ѓоковиќ, кои претходно обезбедија пласман на последниот турнир во сезоната.
Алијасим првпат ќе игра на завршниот Мастерс, додека Рубљев по втор пат е учесник на завршниот турнир. Титулата од лани нема да ја брани Александар Зверев, кој нема настап од повредата со која се здоби на Ролан Гарос.
Од играчите кои сега учествуваат на Мастерсот, Ѓоковиќ пет пати ја освојуваше титулата и ќе има можност да се израмни со рекордерот Роџер Федерер. Покрај Србинот, титула на завршниот турнир имаат Медведев и Циципас.
Вкупниот награден фонд на турнирот во Торино е рекордни 14,75 милиони долари. Победникот, доколку стигне до пехарот без ниту еден пораз, може да заработи 4,7 милиони долари, што е најголемата поединечна награда во историјата на тенисот.
How good is this going to be?! 🔥 #NittoATPFinals pic.twitter.com/Dp3Z8nUn5G
— ATP Tour (@atptour) November 2, 2022