Top Sport

Серија А има ново лого и нови адреси на социјалните мрежи

Италијанската прва лига, Серија А во обид да се „модернизира“ најави дека има ново лого и нови социјални мрежи, што не помина најдобро кај дел од фановите.

Ребрендирањето оди под мотото „Appassionante, Avvincente, Adrenalinica“, што би се превело како „возбудливо, неодоливо, адреналинско“, во обид да се промовира буквата А од Серија А.

„Свеж изглед кој веднаш го презема вниманието, со боите на италијанското знаме, со престижот на златото и авторитетот на А, а во исто време обновување на нашето партнерство со ТИМ“, се вели во соопштението на лигата.

Серија А исто така промовираше нови канали на Фејсбук, Инстаграм и Твитер, сите со името „SerieA“, и покрај тоа што на Твитер направија 1.2 милиони следбеници на претходниот канал.

Scroll to Top