Top Sport

Неверојатно! Ломаченко со рака „кова“ шајка во ѕид! (видео)

Украинскиот боксер, Васил Ломаченко, кој многумина го сметаат за најдобар боксер без разлика на категоријата, сакаше да покаже дека е целосно опоравен од операцијата на рамото со тоа што „закова“ шајка во ѕид само со својата рака.

Ломаченко ја зема шајката во својата лева рака и потоа со удар успеа да ја закова на ѕидот во првиот обид во неверојатен потег кој го сподели на социјалните мрежи.

ВБА шампионот во лесна категорија го повреди рамото во втората рунда од мечот за ВБА титулата против Хорхе Линарес на 12 мај, по што беше на операција и најави дека ќе направи кам-бек во рингот до крајот на годината.

???

A post shared by LOMA (@lomachenkovasiliy) on

Scroll to Top