Тренерот на Барселона, Чави Ернандез признава дека придонел за одлуката на ветеранот Жерард Пике да се пензионира, објаснувајќи дека одлуката да му даде минимална минутажа била една од „најтешките“ во неговата кариера. 35-годишниот Пике потврди дека саботниот меч со Алмерија ќе биде негов последен на „Ноу Камп“, за гостувањето кај Осасуна да биде неговиот последен меч како професионалец.
Чави признава дека одлуката на неговиот поранешен соиграч доаѓа бидејќи тој почувствувал дека загубил вредност во клубот и дека двајцата имаале „тежок“ разговор во текот на летото.
„Мечот со Алмерија ќе биде во знакот на збогувањето на Пике. Тој ги заслужува сите пофалби кои пристигнуваат. Имав среќа да бидам негов соиграч и сега негов тренер. Но, условите придонесоа за оваа одлука и го разбирам тоа, бидејќи и јас поминав низ слична ситуација, во која можеби е подобро а се трнгеш на страна. Тој имаше договор и реши да си замине, што само ја покажува неговата величини. Тој успеа во се тука во Барселона, останува еден од најдобрите централни бекови во историјата и неговата одлука мора да се починува. Тој заслужи право да одлучи кога треба да си замине и секогаш ќе биде запаметен како легенда на клубот“, вели Чави.
Дел од шпанската фудбалска јавност ја обвини Барселона и Чави дека се однесувале со непочитување кон некој кој дал многу за клубот, но Чави смета дека морал на смета на својот тим.
„Зборувавме во текот на летото и му ги кажав моите планови за сезоната. Тоа беше еден од најтешките моменти во мојата тренерска кариера. Тој беше мој соиграч и поминавме многу заедно… Не е убаво да се носат вакви одлуки, но морам да мислам на најдоброто за нашиот клуб. Многупати помислувв да изберам некого пред него и тоа го повреди, но мораме да мислимен а тимот. Не знам дали беше фер, но секогаш бев искрен со него. Тој остана пример за сите, никогаш со лошо однесување, секогаш со 100 отсто на тренинг. Но, условите беа такви“, објаснува Чави.