Виргил ван Дајк, признава, како и многу други фудбалски фанови кои не се за Манчестер сити, дека би сакал да го има Кевин де Брујне како соиграч во Ливерпул.
Во интервју со Гери Невил, Ван Дајк вели дека иако се лути ривали со настапи за клубови кои последните сезони се во директна битка за трофеите, не може да се намали вредноста на играч како 30-годишниот Белгиец.
„Некој со кого не сум играл порано, но би сакал да го имам во Ливерпул е Кевин де Брујне. Тој е неверојатен и да играше за Ливерпул ќе постигневме уште повеќе работи. Добар на топката, знае да игра пресинг, постигнува голови и ги има сите модерни атрибути кои еден фудбалер од средниот ред го прват посебен“, вели Ван Дајк.