Top Sport

Кајри се извини на еврејската заедница откако беше суспендиран од Нетс

Кајри Ирвинг преку социјалните мрежи се извини на еврејската задница, откако Бруклин нетс го суспендираа на барем пет натпревари откако тој одби да каже дека не е антисемитистички настроен. Во официјалното соопштение, тимот посочи дека Ирвинг во моментот не е „достоен да биде поврзан со Бруклин нетс“.

„Крајно разочарани сме што кога денеска во медиумска сесија му беше дадена шанса јасно да каже дека нема антисемитистички верувања, тој не го направи тоа. Таков пропуст за отфрлање на антисемитизмот е крајно вознемирувачки и во спротивност со вредностите на нашиот тим“, се вели во објавата на Нетс.

Проблемот настана откако Ирвинг, кој минатата сезона имаше ограничено време на паркетот поради тоа што одби да се вакцинира за КОВИД, преку социјалните мрежи постави линк на кој имаше антисемитистичко видео. Тој, сега, се јави преку Инстграм

„До сите еврејски семејства и заедници кои беа повредени или навредени од мојот пост, се извинувам што ви предизвикав болка. Првично реагирав од емоции што бев неправедно наречен антисемитист, наместо да се фокусирам на процесот на помирување со моите еврејски браќа и сестри. Сакам да разјаснам на тоа каде стојам во борбата против антисемитизмот. Немав намера да покажам непочитување кон еврејското културно наследство и Холокаустот, ниту да предизвикам омраза“, вели Ирвинг.

Бруклин го суспендира Кајри Ирвинг

Scroll to Top