Првиот светски рекет, Карлос Алкараз, не успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Париз. Поради повреда, младиот Шпанец му го предаде мечот на Холгер Руне, кога Данецот имаше предност од 1:0 во сетови и 3:1 во тај-брејкот во вториот сет.
„Не знам дали ќе бидам подготвен за мастерсот во Торино. Морам да одам дома, да направам тестови и да видам колку е голем проблемот. Морав да го предадам мечот, морам да се грижам за моето тело. Не можев добро да сервирам, а кога се движев чувствував блка во стомакот„, изјави Алкараз.
Завршниот Мастерс е на програмата од 13. до 20. ноември во Торино.