Top Sport

Со ноемврискиот коњички турнир е заокружена сезоната

На хиподромот во Маџари на теренот на Коњичкиот клуб Илинден денеска се одржаа завршните натпревари во прескокнување на пречки од Отвореното првенство на Македонија. Љубителите на коњичкиот спорт можеа да уживаат во одлични настапи на натпреварувачите.

На програмата беа шестото коло-финале во пет натпревари во прескокнување на пречки во класите А, Б, Ц, Д и дебитанти со височина на пречките 1–1,2 метри и широчина 1,4 метри.

Фото: Игор Паневски

Scroll to Top