Top Sport

Мурињо: Лацио го доби дербито со „полу-гол“

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо инсистира дека неговиот клуб го загубил дербито на вечниот град со „полу-гол“ од Лацио, но призна дека на „волчицата“ едноставно и недостасув квалитет во нападот.

Лацио стигна до 1:0 триумф над Рома со голот на Фелипе Андерсон, откако Педро ја искористи невнимателноста на Роџер Ибањез и го примора да направи грешка во шестнаесетникот. Николо Ѕаниоло ја имаше најдобрата шанса за израмнување погодувајќи ја пречката, но освен тој обид, „волчицата“ беше безопасна во нападот.

„Не беше лесно да се игра против тим кој седи толку длабоко на својата половина и го контролира темпото. Не ни недостасуваат самао голови, туку и играње како тим и добивање на индивидуалните дуели на теренот. Кога играте директно, мора да ги добиете тие дуели“, изјави Мурињо.

На тврдењето дека загубиле доста домашни дуели со директни ривали за врвот на табелата, Мурињо врати остро.

„Мислам дека поразите не се заслужени. Аталанта имаа еден удар на голот и победија со 1:0, Наполи имаа најмногу проблеми ова сезона со нас и победија со убав гол на Осимен, додека Лацио постигнаа еден полу-гол. Ни недостасува острина, тоа го признавам, но имаме идентитет да се бориме до крај“, објасни Мурињо.

Scroll to Top