Лацио со минимален резултат ја победи Рома во градското дерби и скокна на третата позиција на табелата. Рома, по триумфот на Јувентус во дербито против Интер, се наоѓа на шестото место
Римското дерби беше решено по грешка на Ибањез. Грешката на Бразилецот ја казни неговиот сонародник Фелипе Андерсон.
По мечот тренерот на Рома, Жозе Мурињо, во свој стил го испофали својот тим со зборовите дека „Лацио победиле со половина гол разлика“.
„Не е лесно да се игра против тим кој интелигентно ја контролира играта за да се игра што е можно помалку. Аталанта постигна гол од единствениот удар кон голот, Наполи го имаше најтешкиот натпревар против нас, Лацио денеска постигна половина гол. Не ги заслуживме овие порази. Ни недостасува квалитет, но психички сме недопирливи“, изјави Мурињо на крајот од натпреварот.
Рома за три дена ја очекува гостување кај Сасуоло.