Доцна синоќа Челси го претстави новиот голман Кепа Аризабалага. „Сините“ со овој трансфер го урнаа голманскиот рекорд, кој пред две недели го постави Ливерпул кога го донесе Алисон Бекер од Рома.
Кепа има 23 години, продукт е на школата на Атлетик Билбао, а во јануари тој одби трансфер во Реал Мадрид. Тогаш голманот реши да го продолжи договорот со Атлетик.
Челси за Кепа на тимот од Баскија му плати рекордни 71,6 милиони фунти (80 милиони евра).
„Многу работи ме привлекоа да дојдам во Челси. Освоените титули, другите фудбалери, градот, англиската Премиер лига. Горд сум што луѓето во Челси веруваат во мене и што решија да ме донесат тука“, изјавил Кепа по потпишувањето на договорот.
Младиот голман дојде како замена за Тибо Куртоа, кој конечно си ја исполни желбата и се врати во Мадрид, но овој пат ќе го носи дресот на Реал.