Top Sport

Хамилтон стана почесен граѓанин на Бразил

Седумкратниот шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон во Бразилија ја доби титулата почесен граѓанин на Бразил, земјата на неговиот идол Аиртон Сена.

„Целиот мој живот Бразил има важно место во моето срце, тој е мојот втор дом“, рече 37.годишниот Хамилтон за време на церемонијата во бразилскиот парламент.

Облечен во сино одело, тој доби медал во жолто-зелените бои на Бразил од рацете на претседателот на Долниот дом, Артур Лир, кој за Хамилтон рече дека е „Бразилец во душа“.

Возачот на Мерцедес, кој в недела ќе се натпреварува на Големата награда на Бразил, изјави дека му е чест што добил ваква титула, прва што бразилскиот парламент му ја додели на странец.

Хамилтон остави впечаток кога му оддаде почит на Сена, трикратниот светски шампион кој трагично загина на Имола во 1994 година, по победата на Големата награда на Бразил во 2021 година.

Scroll to Top