Еден Азар, веројатно ќе го напушти Реал Мадрид во текот на зимскиот преоден рок.
Белгискиот фудбалер постојано се мачи со повреди откако пристигна во шпанската престолнина во 2019 година, а и кога е здрав не добива вистинска шанса.
И покрај силната порака до навивачите на Реал Мадрид за неговата решеност да направи пресврт оваа сезона, неговиот статус во тимот не се смени. Наводно минатата недела добил уште една порака од тренерот Карло Анчелоти, дека пред него се Винисиус, Родриго и Марко Асенсио.
Како што пренесува „Ел Насионал“, Азар изразил желба да се врати во Англија по Светското првенство, а за неговите услуги наводно е заинтересиран Њукасл јунајтед.
За да го доведе Белгиецот, Њукасл е подготвен да потроши 20 милиони евра.