Реал Мадрид синоќа доживеа неочекуван пораз на гостувањето кај градскиот ривал Рајо Ваљекано (3:2) и го загуби првото место во Примера. Натпреварот го одбележа неверојатниот потег на Федерико Валверде, кој во финишот за малку не скрши прозорец на блиската зграда.
Валверде упати силен удар од врвот на шеснаесетникот, топката помина далеку над голот, па дури и преку високиот ѕид и заврши на балконот од соседната зграда.
На балконот имаше навивачи на Рајо Ваљекано кои од балконот го следеа натпреварот.
„Марка“, пишува дека овој навивач на Рајо Ваљекано сакал да ја врати топката кога завршил натпреварот и да ја фрли назад на стадионот, но вработените во клубот му рекле дека тој не мора да го прави тоа и дека може слободно да ја задржи за себе, како сувенир.
Federico Valverde's attempt to score a late equaliser for Real Madrid at Rayo Vallecano ended up in somebody's living room. pic.twitter.com/4XFt0oxsaa
— Sam Street (@samstreetwrites) November 7, 2022