Top Sport

Талентот на Рома, Волпато одби да оди на СП со Австралија, ќе ги чека Италијанците

Талентираниот млад фудбалер на Рома, Кристијан Волпато го одбил повикот на Австралија да игра на Светското првенство во Катар, и наместо тоа ќе го чека повикот од италијанскиот селектор, Роберто Манчини, иако „аѕурите“ не се квалификуваа на Мундијалот.

18-годишниот Волпато е роден во Австралија, каде што играше во академијата на Сиднеј вондерерс, пред во јануари 2020 да премине во Рома за 116.000 евра. Тој веќе настапуваше за Италија во У-19 и У-20 репрезентацијата, но имаше шанси да игра за земјата каде што е роден, откако селекторот Греем Арнолд го повикал да биде дел од составот за Катар 2022.

„Се обидувв да го убедам Волпато до 11 часот навечер, така што тоа не беше моја одлука. Зборував со Кристијан трипати и вчера му кажав дека е дел од 26-те за Мундијалот. Тој ми кажа дека сака да размисли и да зборува со неговите блиски за да сфати што е најдобро за неговата кариера. Потоа реши да го одбие мојот повик“, вели Арнолд.

Тинејџерот оваа сезона почна да добива шанса во првиот тим на Жозе Мурињо со шест настапи и еден гол и една асистенција.

Scroll to Top