Top Sport

Мартинез: До четврток ќе видиме дали Лукаку ќе оди на СП

Белгискиот селектор, Роберто Мартинез потврди дека до четврток ќе направи одлука дали напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку ќе биде од неговиот тим за Мундијалот, порачувајќи дека ако би можел да се врати во физичка подготвеност до 1 декември, тогаш ќе биде во тимот.

Напаѓачот, кој е во Интер како позајмен фудбалер од Челси, нема најдобро враќање на „Сан Сиро“ поради повредата на бутниот мускул. Тој неодамна заигра првпат по два месеци, постигна еден гол, но потоа ја поврати повредата.

„Во моментов тој не може да игра, така што тоа е во рацете на медицинскиот тим. Одлуката ќе се направи до четврток, пред да ги објавиме имињата на 26-те фудбалери за СП. Ако може да учествува во еден од мечевите по групи, тогаш тој е фудбалер кој ни е потребен во тимот. Ако може да се врати до 1 декември, тогаш ќе биде во тимот“, вели Мартинез во интервју за „Л’Екип“.

29-годишниот Лукаку има 68 гола во 102 настапи за Белгија, додека оваа сезона има само 5 натпревари за Интер, со два гола и една асистенција.

Scroll to Top