Волфсбург успеа да стигне до својата трета победа во низа, откако во првиот меч од 14. коло во Бунеслигата со 2:0 ја „нокаутираа“ Борусија Дортмунд.
На „Фолскваген“ стадионот се славеше многу бргу, откако веќе во шестата минута, Мики ван де Вен по еден корнер донесе водство а домаќините. Потоа на сцена стапи голманот на Волфсбург, Кен Кастелс, кој имаше две фантастични одбрани по обидот на Дони Мален, а потоа имаше и малку среќа кога Никлас Циле ја погоди стативата.
Нападите на Борусија не беа ефикасни, а казната стигна во 91. минута, кога Лукас Нмеча постигна убав гол за потврда на триумфот.
Standings provided by Sofascore