Top Sport

Газидис потврди дека си заминува од Милан

Генералниот директор на Милан, Иван Газидис потврди дека заминува од клубот на 5 декември по четири години во кои беше еден од клучните луѓе во трансформацијата на „росонерите“, заблагодарувајќи се на клубот, фановите и градот кои „буквално“ му го спасиле животот.

Поранешниот директор на Арсенал пристигна на „Сан Сиро“ во декември 2018 година, и минатата година му беше дијагнистициран рак, од кои се опорави. Под негово водство, клубот се врати во Лигата на шампиони по седум години пауза, а лани по цела деценија го освои и скудетото.

„По четири прекрасни, тешки години си заминувам од Милан. Му должам толку многу на овој клуб, на луѓето, фановите и на овој град кои буквално ми го спасија животот. Ако клубот е во подобра положба сега од моментот на моето пристигнување, тоа е поради работата на луѓето со кои бев опкружен, од сопствениците, иректорот, тренерите, спортските директори, фудбалерите и секое момче и девојче кое е во нашите академии“, вели Газидис.

Scroll to Top