Top Sport

Горецка за хомофобичните коментари од Катар: Како човек од минатиот милениум

Фудбалерот на Баерн Минхен и на германската репрезентација, Леон Горецка остро го напана амбсадорот на СП во Катар, Калид Салман, опишувајќи го како „човек од друг милениум“ по неговиот коментар дека хомосексуалноста е „оштетеност на умот“.

Хомосексуалноста е забранета во Катар и Салман изјави дека се плаши што ќе има хомосексуалци на Светското првенство, порачувајќи дека ваквите навивачи „ќе мора да ги прифатат“ нивните правила. По 6:1 победата на Баерн на Вердер, на меч на кој навивачите на Баерн поставија банери со навреди за Салман, Горецка го кажа своето мислење.

„Тоа е опресивно мислење. Ова е имиџ на човек кој доаѓа од минатиот милениум. Те остава без зборови како нешто вакво може да се каже од амбасадор на Светското првенство кратко пред одржувањето на првенството“, вели Горецка.

Амбасадорот на СП: Хомосексуалците имаат ментален проблем

Scroll to Top