Top Sport

Жоао Феликс пред трансфер во ПСЖ

ПСЖ сака да ја засили конкуренцијата во офанзивниот дел од тимот во зимскиот преоден рок, а како нов играч на клубот се споменува Жоао Феликс. Најскапиот играч во историјата на Атлетико Мадрид и еден од најскапите трансфери на сите времиња нема да се противи на ваков трансфер.

Ова го наведува „Ле Парисиен“, кој пишува дека желбите на парискиот клуб во последниот преоден рок биле Роберт Левандовски и Џанлука Скамака. И двете останаа неисполнети. Левандовски замина во Барселона, а Скамака од Сасуоло во Вест Хем.

Жоао Феликс игра малку оваа сезона. На последните осум првенствени натпревари тој на ниту еден не одигра повеќе од 30 минути. Вкупно сезонава одигра 17 натпревари, но со просек од околу 40 минути. Постигна три гола и намести исто толку. Португалскиот репрезентативец е под договор со Атлетико до летото 2026 година.

Scroll to Top