Поранешниот претседател на Црвена звезда, Американецот со српско потекло, Ден Тана вели дека Србија би имала далеку поголем успех на СП во Русија доколку Славољуб Муслин останеше селектор.
Според Тана, Муслин решил дека не може да работи со репрезентацијата поради мешањето на фудбалсктие менаџери.
„Кога некој ќе успее, веднаш сите му се непријатели тука во Србија. Кога ме праша претседателот кого би земале за селектор, јас прво го прашав дали сакаме домашен, а кога добив потврден одговор им кажав Муслин. Една година подоцна тој стана селектор и направи страшна работа со истите фудбалери. Но, кога почнаа да му се мешаат менаџерите и му кажуваа кој треба да игра, не можеше да се оди понатаму“, вели Тана.
Тој додава дека Србија сигурно ќе ја минеше групната фаза со селекторот кој ја однесе на Мундијалот.
„Немам ништо против Крстајиќ и знам дека е тешко да си на позицијата селектор, а и среќата не го послужи“, додава Тана, со вистинско име Добривое Танасиевиќ.