Top Sport

По гол за Елмас и Несторовски – Наполи го победи Удинезе

Наполи го победи Удинезе со 3:2 и како лидер ќе го дочека вториот дел од сезоната. По гол на овој натпревар постигнаа македонските репрезентативци Елиф Елмас и Илија Несторовски.

Уште од ерата на Диего Марадона, Наполи ја чека шампионската титула. Впечатокот е дека оваа сезона наполитанците можат да го прекинат 33.годишниот пост. Но само доколку не играат како во последните 15 минути, кога му дозволија на Удинезе да внесе максимална неизвесност во натпреварот.

Блескаше на овој меч Елиф Елмас, кој најпрвин му асистираше на Осимен во 15.минута за 1:0, а потоа изведе минијатура кога го сголеми водството на Наполи во 58.минута на 3:0. Зјелински по додавањето од Лозано го постигна вториот гол за Наполи.

Во финишот Удинезе опасно се закани, со головите на Несторовски во 79. и Самарџиќ во 82.минута.

Наполи е убедливо прв на табелата во Серија А, во 15 рунди, тимот на Спалети од можните 45 освои 41 бод. Победата над Удинезе беше 11 по ред сезоната што е нов клупски рекорд.

Scroll to Top