Top Sport

Тотенхем три пати губеше на крајот победи, Ливерпул и Лестер ги продолжија победничките серии

Тотенхем се врати на третото место на табелата во Премиер лигата. Екипата на Антонио Конте, благодарение на Родриго Бентакур, направи неверојатен пресврт и го победи Лидс со 4:3.

Лидс јунајтед три пати во водеа на „Вајт Харт Лејн“, но на крајот не успеаја да освојат ниту бод.

Голот на Самервил го поништи Кејн, а второто водство по голот на Родриго го поништи Дејвис. Трет пат Лидс водеше со вториот гол на Родриго во 76.минута, а потоа на сцена стапи Бентакур. Уругваецот постигна два гола во 81. и 83.минута за конечен триумф на Тотенхем.

Лестер дефинитивно излезе од кризата, во која длабокот тоне Вест Хем. „Лисиците“, славеа во Лондон со головите на Медисон и Барнс.

Гибсон-Вајт го постигна голот за кој Нотингем форес го победија Кристал Палас. Вилфрид Заха промаши пенал при резултат 0:0.

Два гола за Ливерпул постигна Дарвин Нуњез. „Црвените“ го победија Саутемптон со 3.1. Евертон ја поврти лошата форма, „карамелите“ немаа никакви шанси кај Борнмут. Таверние, Мур и Ентони погодија во победата 3:0.

Scroll to Top