Баерн, во Гелзенкирхен, го победи Шалке со 2:0 во последниот натпревар од саботната програма во Бундеслигата. По 15. рунди заврши првиот дел од сезоната во Германија. Баерн на пауза замина како лидер на табелата.
Без многу напор лидерот го доби дуелот со фенерџијата. Серж Гнабри и Ерик Чупо-Мотинг ги искористија асистенциите на Џамал Мусијала.
Чупо-Мотинг ја повтди добрата форма, против Шалке го постигна десеттиот гол на последните девет натпревар сезонава, во сите натпреварувања. Камерунецот вкупно од стартот на сезоната има постигнато 12 голови.
Баерн има шест последователни победи во германското првенство и пред паузата поради Мундијалот во Катар ќе биде водечки тим со 34 бода, шест повеќе од вториот РБ Лајпциг. Унион Берлин и Фрајбург имаат по 27 бода и натпревар помалку. Шалке остана последен со девет бода.