Македонија е на вистинската патека во вториот круг од претквалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи во 2025 година. Во три одиграни натпревари, кошаркарската репрезентација има исто толку победи.
Првиот „круг“ од групата „Д“ го завршивме на идеален начин, со победа против директниот конкурент за првото место, селекцијата на Норвешка. Во Гевгелија, ги задржавме скандинавците на неверојатни 36 поени, па сега со уште поголеми мотиви македонските кошаркари го чекаат денешниот натпревар против Данска.
Против уште една земја од Скандинавија, во дуел кој е закажан од 19 часот, во салата „26.април“ во Гевгелија.
„Очекувам цврста игра против Данска и не треба да нè залажува фактот дека ги победивме на гостински терен. Разговаравме со момците, ни требаат свежи глави за да ја завршиме втората третина од овој циклус. Било каков кикс ќе не врати подолу. Во овие неколку денови се подготвуваме доволно и ветувам исто добра игра како и онаа против репрезентацијата на Норвешка“, вели селекторот Александар Јончевски.