Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, беше воодушевен од победата од 2:0 над Вулверхемптон во последниот натпревар во Премиерлигата пред паузата за Светското првенство. „Топчиите“ се наоѓаат на врвот во англискиот шампионат со пет бода предност Манчестер Сити.
Според менаџерот Микел Артета, неговиот тим расте секој ден.
„Благодарам на навивачите за поддршката. Нивната енергија ни помогна да го трансформираме овој тим и тие треба да уживаат во тоа што сме на врвот на табелата. Покажавме поинаква зрелост на овој натпревар. Го чекавме моментот за да зададеме удар, а до тие моменти ја одигравме нивната игра. Во вториот дел застанавме многу подобро, покажавме поголема храброст, повеќе ризикувавме и не дозволивме противникот да наметне своја игра. Им посакувам се најдобро на момците кои ќе играат на Светското првенство, а остантите ќе работиме затоа што треба да бидеме подготвени и за следните предизвици“, изјави Артета.