Top Sport

ПСЖ броеше до 5 против Оксер

Пари Сен Жермен убедливо го победи Оксер со 5:0 на „Паркот на прицовите“ во последниот меч пред паузата за Светското првенство. „Светците“ немаа проблеми да стигнат до триумф.

Килијан Мбапе погоди во 11.минута, а канонада следеше во второто полувреме.

Карлос Солер во 51.минута зголеми на 2:0, а Ашраф Хакими беше стрелец на третиот гол.

Во завршницата од дуелот, Ренато Санчес и Уго Екитике се погрижија за убедлив триумф.

Scroll to Top