Top Sport

Англиски седмолигаш сака да го позајми Халанд на дваесет и осум дена

Ерлинг Халанд е едно од големите фудбалски имиња кои нема да настапуваат на Светското првенство во Катар, откако неговата Норвешка не успеа да се квалификува за Катар, по што англискиот седмолигаш Ештон јунајтед „начека“ шанса и реши да побар позајмица додека трае Мундијалот.

„Тоа има смисла. Сити нема да играат и ние ќе помогнеме Ерлинг да остане во форма. Тоа има повеќе смисла отколку да игра голф шест недели. Мислам дека ќе одговара на нашиот стил на игра и ќе се вклопи совршено“, вели менаџерот на тимот, Мајкл Клег.

Ештон јунајтед играт во Северната Премиерлига-Премиер дивизија и имаат постигнато 23 гола цела сезона и се на 11. место на табелата, така што им треба стрелец како Халанд за да ја подобрат формата. Сити уште не одговориле на понудата.

Scroll to Top