Навивачите на фудбалскиот клуб Ал Ахли од Египет на сите оние кои се гордеат со љубовта кон клубовите за кои навиваат им покажаа што значи вистинска љубов кон тимот.
Повеќе од 100.000 навивачи на клубот дошле да го проследат отворениот тренинг, воочи финалноот реванш во африканската Лига на шампиони.
Трибините на стадионото чии капацитет изнесува 75.000 седишта биле „тесни“ да ги примат сите, поради што навивачите окупираа и дел од теренот, а многу останале и надвор од стадионот.
Шокирани од она што го гледаат струниот штаб и играчите го откажале тренингот, но истакнале дека оваа поддршка ќе им биде најголемиот мотив за саботниот натпревар.
Ал Ахли осум пати бил шампион на Африка, последен пат во 2013 година.
جمهوره ده حماه ?? الكأس في الأهلي ان شاء الله pic.twitter.com/8zXxKAcPDb
— Ahmed Hassan Kouka (@HassanKouka) October 31, 2017