Селекторот на австриската фудбалска репрезентација, Ралф Рангник нема коментар за острите критики кои ги доби од Кристијано Роналдо, посочувајќи дека тоа сега е работа на Манчестер јунајтед, а не негова лично.
Рангник лани беше донесен на „Олд Трафорд“ како замена за Оле Гунар Солскјер како „преоден“ менаџер, но не успеа да ја подобри формата и „ѓаволите“ завршија како шести на табелата, по што тој целосно си замина од тимот иако имаше договорено двегодишна дополнителна работа како советник на англискиот тим.
За разлика од сегашниот менаџер Ерик Тен Хаг, Рангник постојано го имаше Ронало во составот, но тоа не му беше доволно на Португалецот кој изјави дека не слушнал за негео пред да дојде во Јунајтед и дека е спортски директор, а не тренер.
„Јас имам работа како тренер. Селектор на австриската репрезентација. Немам што да одговарам. Тоа е работа на Манчестер јунајтед, а не моја“, изјави кратко Рангник.