Top Sport

Оже-Алијасим го збриша Надал, на Шпанецот му се заканува елиминација

Новата канадска тениска ѕвезда, Феликс Оже-Алијасим стигна до убедлива 6:3/6:4 победа над Рафаел Надал во второто коло од АТП финалето во Торино, пораз кој може да значи уште еден предвремен крај на завршниот турнир за Шпанецот.

И покрај тоа што нема освоено сет во првите два порази во Торино, Надал уште теоретски да влезе во полуфиналето, но само доколку Тејлор Фриц (од кого загуби во првото коло) успее да го победи Каспер Руд во вечерниот меч со 2:0 во сетови. Така Надал би можел да се надева на второто место, ако го победи Руд во последното коло, а потоа Фриц го победи во два сеета Оже-Алијасим. Ниту еден тенисер досега не успеал да се квалификува за полуфиналето по порази во првите ва меча.

Клучниот момент се случи во осмиот гем, кога Надал имаше 40:0 предндост но направи две сервис-греши, за да му го дозволи на Оже-Алијасим првиот брејк поен на мечот. Претходно Надал пропушти четири-брејк топки во првиот сет. Во вториот сет, Оже-Алијасим направи брејк во вториот гем за да ја комплетира својата прва победа во кариерата над освојувачот на 22 гренд слем титули.

Надал има 10 настапи на АТП финалето и порази во финалињата во 2010 и 2013 година.

Scroll to Top