Дефнзивецот на Ливерпул, Виргил ван Дајк му се јавил на својот поранешен соиграч, Садио Мане и му посакал среќа на Мундијалот, признавајќи дека Холандија ќе има тежок меч против неговиот Сенегал без разлика дали тој е на теренот.
Мане, кој во текот на летото премина во Баерн Минхен, се мачи со повреда и според шпекулациите тешко дека ќе биде подготвен да игра на првиот меч од турнирот против Холандија. Мане е најпознатото име во сенегалската репрезентација, за која има 93 настапи и 34 гола. Ван Дајк вели дека знае како се чувствува Мане, бидејќи тој го пропушти Еуро 2020 поради повреда на коленото.
„Секако зборував со него. Искрено, многу ми е жал за него, а знам како се чувствува бидејќи јас не играв на Еврпското првенство. Работиме толку многу за да стигнеме на ова првенство, и тој е многу важен за својата репреззентација. Доколку има минимални шанса, тој ќе игра и му кажав дека нема да биде лесно против Сенегал и без него“, вели Ван Дајк.