Top Sport

Руд со втора победа го исфрли Надал, Алкараз најмлад број 1 во историјата

Каспер Руд имаше повеќе нерви во драмата од три сета за да го совлада Тејлор Фриц со 6:3/4:6/7:6(6) за втора победа на АТП финалето и доближување до полуфиналето, за во исто време да го елиминира Рафаел Надал од турнирот и да го промовира Карлос Алкараз во најмладиот тенисер кој завршил година како светски број 1.

Алкараз, пак, стана најмладиот тенисер кој завршил сезона како светски број 1, иако 19-годишниот Шпанец воопшто не игра во Торино поради повреда. По поразот на Стефанос Циципас од Новак Ѓоковиќ вчера, само Надал можеше да го помине сонародникот, но за тоа требаше да го освои турнирот, што значеше дека Каспер Руд не смееше да освои сет против Фриц.

Алкараз стана број 1 по освојувањето на својата прва гренд слем титула на САД опен во септември. Тој исто така е првиот тенисер кој е број 1 на крајот на сезоната кој не е дел од големата четворка (Федерер, Надал, Ѓоковиќ и Мареј) по 18 години (од 2004 година). Шпанецот има 5 титули во 2022 и 57-13 скор во 17 турнири.

Scroll to Top