Жозе Мурињо нема да ја предводи Рома на два натпревари поради инцидентот во 15. коло од Серија А. Португалецот беше исклучен по вербалната расправија со судијата на мечот против Торино (1:1).
Португалецот не се задоволи со освојување бод, иако неговиот тим избегна пораз со голот на Немања Матиќ во 94. минута.
„Тоа беше сосема правилна одлука на судијата. Поради зборовите кои му ги кажав, заслужив да добијам црвен картон. Разговарав со него по натпреварот и се извинив, но не сакам да кажам како судеше. Бев доволно скромен да се извинам, но вие самите проценете што направи и како го направи тоа“, изјави Португалецот.
Покрај тоа, дисциплинските органи во Серија А, поради дивеењето на навивачите го казнија Интер со 12.000 евра, а Јувентус со 5.000 евра.